16 јанОд мојот дневник – јануари 2014 ПОВОД; Објавените списоци од хрватскиот портал “ Нови пламен“ на казнениците од логорот Голи Оток.

Здружението ГОЛИ ОТОК со внимание ги проследи одзивите  во средствата за информирање во врска со објавените списоци на затворениците што ја издржуваа казната во логорот Голи Оток.Автетичниот документ ги обнови спомените за трагедијата на илјадниците маченици.Регистирани се 16101 затвореници и 413  лица убиени.
Разбирливи се искажувањата,како од поединци,така и од стручни лица.Во нив се изразуват сеќавањата за познати личности,се даваат оценки за настаните.Сеуште е будна свеста  за ииториско значење на “Времето на Информбирото“.
Темата за “голооточаните“.“информбировците“затвореници што ја издржувале казната во логорот Голи Оток е дел од пошироката историска тема за конфликтот меѓу СССР и СФРЈ.Не може да се зборува за казнениците на Голи Оток,без да се разгледуваат во комлесот на историските збиднувања.
Независно од тоа колку биле свесни/идејно свесни/за својот однос кон конкретните настани,учесниците во збиднувањата,што подоцна се нашле на Голи Оток,се учесници во еден политички судир кој има исклучително историско значење,за нив,за нивната земја,за пошироките светски движења.
Ова отклонување го направивме  за да обрниме внимание на оние лесно искажани карактеристики што се даваат по повод на објавените списоци за голооточаните/информбировците/ и во други прилики.Без да се има во вид поширокиот контекст на случувањата,може паушално да се кажува се и сешто.Важноста на историската проблематика бара сериозен пристап.
Здружението Голи Оток,меѓу другото,ја има и таа задача да ја објасни,документира,да ја покаже историската вистина за настаните во кои независно од нивната волја се нашле и овие страдалници,што така строго  ги казнила историјата.
Проблематиката за Историскиот конфликт  меѓу СССР и СФРЈ е обработувана ,и се обработува непрекинато,од  средината на минатиот век па до денес.И во  македонската публицистика,мемоарската литература и во историографските написи темата за Имформбирото е широко застапена.Сите заинтересирани можат да ги добијат некои од овие материјали,Здружението Голи Оток е готово да помогне во тоа.
Од  Здружението “Голи Оток“

Comments are closed.